Протести во Иран поради поскапувањето на гасот
Демонстрантите бесни поради зголемувањето на цените на гасот за 50 % од страна на иранската Влада го блокираа сообраќајот во големите градови и се судрија со полицијата, по едноноќните демонстрации придружени од пукотници во бил убиен најмалку еден човек, објави Associated Press (АП).
Протестите извршиле нов притисок врз Владата на Иран која што се бори за да ги надмине санкциите од страна на САД, откако Трамп унилатерално ја повлекол Америка од страна на нуклеарниот договор на Техеран со светските сили.
Иако во најголемиот дел протестите биле мирни, тие се претвориле во насилство во неколку инстанци, откако биле пуштени видеа на кои се гледа како полицајците со солзавец ги растеруваат демонстрантите. Додека ова претставува политички ризик за Претседателот Хасан Рухани поради претстојните парламентарни избори во февруари, го покажува и големиот бес од страна на 80 -те милиони жители на Иран чии заштеди ги снема поради големата невработеност и колапсот на националната валута.