Правда

Протести во Порторико: Демонстрантите побараа оставка од Гувернерот

Протести во Порторико - Работник
201views

Рикардо Росело, Гувернерот на Порторико е под опсада во шпанската колонијална тврдина во Сан Хуан, којашто е и негова резиденција.

Изминатава недела пред Ла Форталесе (Тврдина) излегоа мотоциклисти, славни личности, коњаци и илјадници други жители на Порторико. Тие побараа од него да поднесе оставка поради протечените пораки во кои навредувал политички пратеници, жени и жртви на уреганот „Марија“.

Вчера попладне започнаа новите протести, на кои излегоа работници предводени од синдикатите, организирани во марш до Тврдината. По нив излегле и стотици други луѓе од градот, како и нивна придружба биле коњаниците. Организаторите највија и други настани на островот, а за понеделник истакнаа дека ќе има голем протест во Сан Хуан.

Росело кој бил доста присутен во јавноста, значително го намалил неговото појавување, со што во прашање се доведе неговата иднина.

Росело во пораките преку апликацијата „Телеграм“ упатил низа навреди на сметка на жените, му се потсмевал на човек со вишок килограми и упатувал вулгарни коментари за сексуалната ориентација на порториканскиот пејач Рики Мартин, како и упатил навредливи коментари на сметка на политичарите.