Светот на работникот

Протести на аеродромските работници во Австралија

Протести на аеродромските работници во Австралија - Работник
159views

Работниците на аеродромите во пет Австралиски градови вчера протестираа за подобри плати и подобри работни услови, но истакнаа дека немаат намера да ги прекинуваат летовите.

Протестите на аеродромите во Сиднеј, Мелбурн, Перт, Аделајд и Златниот брег се со цел да се обезбедат повисоки плати и повеќе гарантирани часови, наведоа од Синдикатот на Транспортните работници.

На протестите излегоа повеќе од 200 вработени во петте градови на Австралија. Тие започнаа во различни временски периоди од денот.

Синдикатот истакна дека протестите немаат за цел да ги прекинуваат летовите.

„Работниците на аеродромите ширум земјата одржаа гласни протести против несигурните и нефер работните услови. Работниците побараа да се стави крај на ниските плати и работата на половина работно време кои ги принудуваат да се борат да преживеат, како и да се стави крај на намерното намалување на работниците кое причинува повеќе повреди и намалување на безбедноста“, рекоа од синдикатот