- Advertisement -
НовостиПравдаСвет

Протести низ цела Франција

146views

Организациите и новинарите се загрижени дека новиот закон може да дозволи полициската бруталност да не биде открие. Демонстрантите се противат на законот усвоен од долниот дом на парламентот во вторникот, но треба да биде изгласан и во Сенатот.

Француски граѓани кои се спротивставуваат на нацрт-законот за безбедност, за кој тврдат дека ќе ја загрози слободата на информирање и правата на медиумите, денеска организираа протести низ целата земја. Демонстрантите се противат на законот усвоен од долниот дом на парламентот во вторникот, но тој треба да биде усвоен и во Сенатот. Член 24 од нацрт-законот дефинира забрана за објавување на фотографии или снимки на полициски службеници на должност „со намера да им наштети на нивниот физички или психолошки интегритет“.

Француска демократија

Невладините организации и новинарите се загрижени дека одредбата ќе ја ограничи слободата на медиумите и ќе овозможи полициската бруталност да остане незабележана и неказнета. Законот доби дополнително значење во претходните денови, бидејќи во четвртокот се појави видео на кое се гледа како француски полицајци тепаат човек со темна кожа. Доколку законот стапи на сила, сторителите можат да бидат осудени на максимум една година затвор и парична казна од 45.000 евра. Демонстрантите кои бараат повлекување на спорниот член од законот, изјавуваат дека тоа е спротивно на „основните јавни слободи“ на француската демократија.