МакедонијаСиндикат

Протестот останува за 8 јуни, СОНК и гранските синдикати на КСС не отстапуваат од одлуката

Протестот останува за 8 јуни, СОНК и гранските синдикати на КСС не отстапуваат од одлуката - Работник
1.18Kviews

Протестот на СОНК заедно со другите грански синдикати од Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, ќе се одржи на 8 јуни во (сабота), но со одложено време, односно во 16 часот, беше одлучено на денешната вондредна седница на Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

Претседателите на регионалните одбори кои го сочинуваат највиското тело на СОНК, Советот, повеќе од еден час дебатираа за тоа како да пристапат на новонастанатата ситуација, односно одлуката на Владата 8 јуни да биде работен ден на јавните и државните институции на територијата на град Скопје. На протестот ќе излезат работниците од детска заштита, основно, средно, високо образовние наука и култура.

„Советот на СОНК едногласно одлучи протестот да остане за во сабота, но наместо да започне од 12 часот, се договоривме да го започнеме од 16. Без разлика на одлуката на Владата, сабота да биде работен ден, ние нема да се откажеме, нема да потклекнеме, а во ниеден случај нема да ги изневериме нашите членови. Очекуваме на овој протест да има масовна присутност, бидејќи силата на сидникатот е во масовната излезеност и јавно демонстрирање на незадоволството од сегашните состојби“, рече Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по завршувањето на состанокот.

Претседателите на регионалните одбори во најголем дел се пожалија на притисоците врз членовите, со цел да не излезат на протест. Тие истакнаа дека ќе се обидат да се спротивстават на таквите притисоци бидејќи сите членови имаат заеднички барања, меѓу кои се и: повискои плати, подобар социјален статус, поконструктивен социјален дијалог и почитување на законите.

Имено, протестот е загарантирано  уставно право на синдикатите, кое можат да го искористат во било кој ден од неделата.