Протест во Визбегово поради мал групен дом со три деца, институциите повикуваат на надминување на предрасудите

Група жители од населбата Визбегово попладнево излегоа на протест со кој бараат дислокација на малиот групен дом во нивното соседство каде од неодамна беа сместени три деца од Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“. Тие протестираа во знак на револт поради тоа што во нивна близина се сместуваат деца со воспитно социјални проблеми.
Од Министерството за труд и социјална политика повикаа на надминување на предрасудите и потврдија дека до нив е стигната петиција од жителите на кои им било одговорено во најбрз можен рок.Додаваат и дека неколку недели пред да се преселат децата во куќата во Визбегово биле известени сите блиски соседи коишто се најдени во своите домови, пишува Радио МОФ.
Целосниот текст прочитајте го тука