ПравдаСветСиндикат

Протест за поголемо трошење во здравствената грижа во Латвија

Протсет за поголемо трошење - Работник
166views

Стотици на здравствени работници се собраа пред Латвискиот парламент во Рига на 7 ноември повикувајќи за поголемо трошење на здравството.

Демонстрациите биле повикани од страна на здравствените организации предводени од страна на придружниците на Европската Федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ, ЛВСАДА. Тие беа придружени од широка коалиција на синдикати, професионални асоцијации и граѓански организации, сите бесни поради тоа што Владата се вратила на легалната обврска за зголемувањето на трошењето во здравствената грижа.

Барањата на демонстрантите наидоа на поддршка и во овогодишните Специфични Препораки за државите (ЦСР) за Латвија од страна на Европската Комисија. Препораките укажуваат на тоа дека „слабото трошење во здравствената грижа“ е една од „главните причини за сиромашните здравствени исходи на популацијата“, односно се вели дека „Но, јавното финансирање на здравствената грижа останува многу под просекот на Европската унија“ и се додава дека: „Латвија се соочува со недостатоци на работна сила во здравствената грижа, особено има голем недостаток на сестри кој ја потиснува здравствената грижа и претставува ризик за успехот на здравствените реформи“.

Демонстрациите го одбележаа почетокот на првата фаза од дејствијата кои доведоа до гласање на буџетот во Парламанетот на 14 ноември. Доколку буџетот биде одобрен без амандамни, тогаш втората фаза од кампањата ќе биде започната со национална петиција.