Протест и почеток на штрајк на вработените во „Еурокомпозит“
Време за читање помалку од минута
Шеесетината вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ повторно се собраа на протест пред фабриката, прекинувајќи ја работата и барајќи си ги своите права. Тие велат дека сѐ уште не ги зеле сите плати за повеќе од четири месеци, ниту им е извесна иднината. Инаку, 154 вработени заминаа технолошки вишок и на сите со закон им е овозможена исплата на заостанатите придонеси. Сега голем проблем имаат вработените. Велат отсега стапуваат во штрајк со порадикални мерки.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во „Еурокомпозит“, штрајкот и радикалните мерки се поради тоа нема никаква најава што ќе се случува со вработените, пишува Либертас.
Целосниот текст прочитајте го тука
Latest posts by Редакција (see all)