Протест на вработените во „Еурокомпозит“
Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блокада на улицата пред компанијата денеска ги продолжија протестите изразувајќи незадоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат протест во Скопје.
Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот, изјави дека не веруваат оти има иднина за фирмата поради, како што потенцира, односот на Владата е крајно несериозен и по последната средба со владините претставници од пред 10-ина дена одговорноста се префрла од едни на други“.
-Повеќе од три години се обидуваме да се најде решение за „Еурокомпозит“, но Владата е крајно несериозна, па, најверојатно, нема решение за нашава фирма. Со последниот разговор што го имавме со претставници на Владата, не го решивме проблемот и мислиме дека нема конечно решение за „Еурокомпозит“. Или нека се затвори, или конечно нека проработи, изјави Богданоски, пишува Либертас.
Целосниот текст прочитајте го тука
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024