ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Протест на земјоделците пред Владата

Протест на земјоделците пред Владата - Работник
166views

Замислениот марш од некогашно сајмиште до влада кај мостот Гоце Делчев беше за кратко блокиран од полициски кордон но потоа сепак протестот заврши пред владата. Лозари, овоштари, градинари, оризо производители и сточари од сите производни региони дојдени да го искажат својот револт од состојбите во кои е земјоделството, да побараат редовна и повисока исплата на субвенциите, помош за пласман да не завршува производството на храна по буништа и пореални откупни цени.

Кочанските производители на ориз ги повторија своите барања за реални откупни цени за да опстане производството.

За исплатата на субвенциите изминативе неколку дена велат дека е сепак само мал дел од парите кои ги имаат за земање а државата споро ги исплаќа обврските кон земјоделците.

Тие на протестот на премиерот и на министерот за земјоделство им дадоа рок од 7 дена за да седнат на маса и да разговараат за решавање на најважните прашања за средување на состојбите во земјоделството во спротивно најавуваат масовни протести, сите земјоделци  во својот регион од каде доаѓаат.

Извор: Канал5