ПравдаСветСветот на работникот

Протест на медицинските работници во Британија, бараат повисоки плати

Протест на медицинските работници - Работник
112views

Стотици медицински работници се собрале ширум британските градови за да протестираат и да побараат од Владата да им ги зголеми платите и со тоа да ја признае тежината на нивната работа во текот на пандемијата од коронавирусот, пренесува АП. 

На протестот во Лондон, демонстрантите кои во главно носеле маски и се придржувале до правилата за физичка дистанца марширале до вратата на Даунинг стрит, седиштето на Владата на Обединетото кралство и домот на премиерот Борис Џонсон, извикувајќи: „Борис Џонсон, слушни не. Или плати не адекватно или замини“.

Медицинските работници се славени како херои во текот на пандемијата и од Владата и од јавноста, но тие наведуваат дека со деценските намалувања на трошоците на оваа, но и претходната влада на конзервативците, тие направиле Националната здравствена служба да се бори за опстанок. 

Слично постапиле и медицинските работници во Глазгов со пораките – „Доста е од празни приказни, дајте ни фер плати“ и „Борис, кој те спаси?“, алудирајќи на тоа дека Џонсон беше во тешка здравствена состојба кога беше заразен од коронавирусот. 

Медицинските сестри, негувателите и младите доктори се бесни бидејќи се изоставени од плановите за зголемување на платите над стапката на инфлација, во однос на речиси милион други работници во јавниот сектор кои имаат поинакви договори со Владата.