ПравдаСветСиндикат

Протест на пензионерите поради намалените примања

Протест на пензионерите поради намалените примања - Работник
84views

Членовите на Здуженијата на синдикатите на пензионери на Србија најавуваат протест за во сабота, 12 октомври, за да уште еднаш им укажат на надлежните да им ги вратат пензиите кои законски ги стекнале.

Здружението на синдикати на пезнионери на Србија ќе организираат протест во сабота, на плоштадот Никола Пашиќ, за да уште еднаш да им го привлечат вниманието на надлежните на големото незадоволство на најстарите поради игнорирање на нивните барања да им се вратат парите од намалените пензии кои ги примале три ипол години.

„Овие пензии се исплаќани на основа на неуставниот Закон за привремено уредување на начинот за исплата на пензиите“, вели Претседателот на Здружението Михајло Радовиќ и додава дека втората причина за протестот е што надлежните сакаат сами да продолжат да ги уредуваат начинот, времето и износот на усогласување на пензиите кои до промена на Законот за ПИО се објавувани двапати годишно по одговорната формула. Зголемувањето, односно усогласувањето на пензиите немало до 2017 година, а следното е планирано за почетокот на 2020 година, вели Радовиќ.

Пензионерите имаат и забелешки и на фактот што Владата и општината со измените на Законот за ПИО ги промениле составот, структурата и бројот на членовите на Управниот одбор на Фондот за ПИО, во кој сега има само седум членови, од кои четири ги именува Владата. На тој начин Управниот одбор, со мнозинство на гласови донесува одлуки за продажба на имотот на Фондот за ПИО кои ги опфаќа бањите, рехабилитацските и здравствените центри, а за тоа пензионерите не се прашуваат, вели Радовиќ.

Големо е и незадоволството на пензионерите кои отишле на пензија пред 65 години старост.