- Advertisement -
ПравдаСветСиндикат

Протест на турските синдикати пред француската амбасада во Анкара

Протест на турските синдикати - Работник
295views

Конфедерацијата на турски синдикати (Хак-Ис) вчера одржа демонстрации во Анкара во знак на протест против француската полиција, поради повредата на фоторепортер на агенцијата Анадолу со која се здобил од ударот на канситер со гас.

Претседателот на Хак-Ис, Махмут Арслан обвинил дека француската полиција се однесувала како „Гестапо на Хитлер“.

Advertisement

Членовите на синдикатот се собраа пред француската амбасада во Анкара за да протестираат против француската полиција.

На 5 декември, Мустафа Јалчин бил повреден од канистер со гас употребен од страна на безбедносните сили, во пресметките помеѓу француската полиција и демонстраторите кои протестираат поради плановите на пензиската реформа. Канистерот со гас удрил во неговата гас маска и ја скршил, нанесувајќи му повреди во пределот на главата.

Advertisement
Advertisement

Во соопштение, Арслан рекол дека новинарот Јалчин ги покривал протестите во согласност со меѓународните стандарди и правила.

„Нашиот пријател, како и другите новинари, носеле шлемови и ги следеле демонстрациите од подалеку од местото на одвивање на истите“, рекол Јалчин.

Арслан истакнал дека француската полиција не употребувала канистри со гас против демонстрантите, туку против новинарите кои биле директна цел.

 

Advertisement