Правда

Протест против работата на извршителите

Протест против работата на извршителите - Работник
45views

Конфедерацијата на синдикални организации и неколку невладини излегоа на протест во Скопје за да искажат незадоволството од работата на извршителите.

За два ипол денари заостаната камата од земен кредит во 2007-ма година кичевчанката Злата Штерјоска сега треба да плати околу 600.000 денари. Ова таа го кажа денеска на протестот на организацијата “Стоп за извршители” кој се одржа во Скопје.

 “ Го исплатив во 2008ма година, во целосна сума исплатив 224.000, оставила намермо банката камата од 2.5 денари само да биде кредиот отворен. После судска пресуда сегде се водеше нигде не го доставува уплатата на овој извод што го има од банката. ”

Активистот од организацијата “Стоп за Извршители” Марјан Ристески заедно со останатите незадоволни граѓани на протестот меѓудругото побара запирање на присилната наплата, отпис во целост на старите долгови и укинување на каматата.

Тие ја повикаа Владата да работи уште во овој домен за конечно да се воспостави силна правно-институционална рамка, во спротивно најавуваат поголеми протести.

Последните податоци на организацијата “Стоп за извршители” се дека 107.000 блокирани сметки, од кои над 80.000 се на физички лица.

Извор: Канал 5