ПравдаСветот на работникот

Професионалните војници над 45 години заминуваат во затворската полиција

Професионалните војници над 45 години - Работник
169views

Професионалните војници со навршени 45 години од денеска на нови работни места. Кариерата ќе ја продолжат во казнено поправните установи низ земјава.

Со оваа одлука на ресорното Министерство се решава статусот за првата група од 97 војници, на кои по навршувањето на 45-тата година им престануваше професионалниот ангажман во Армијата.

Војниците ќе добиваат работни задачи согласно со нивното работно искуство, главно како обезбедување во затворите

Војниците ќе се водат под Управата за извршување на санкции, чиј прв човек рече дека затворската полиција добива обучен кадар

Од Министертвото велат дека од одлуката задоволство изразиле сите синдикати и здруженија од одбраната. Најавија дека проектот ќе важи и за сите оние војници, кои во иднина ќе наполнат 45 години.

Извор: Сител

Фото: Лидер