ПравдаСветот на работникот

Професорот Јовевски предлага 18 мерки за заштита на работните места

   Време за читање 4 минути

Фејсбук статус на Проф. Д-р Лазар Јовевски:

ИТНИ МЕРКИ ЗА СПАС НА ЕКОНОМИЈАТА И
СОЧУВУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Јас предлагам 18 мерки пред се за сочувување на работните места, а тоа не е можно без економски и финасиски мерки за помош на компаниите и бизнис секторот. МЕРКИТЕ НЕ СМЕЕ ДА БИДАТ НА ТОВАР ИЛИ ШТЕТА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЈАВНИОТ ИЛИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ОДНОСНО БЕЗ НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ!!! Овие мерки треба оперативно да се разработат, како и евентуално да се комбинираат. Ова е само еден дел во однос на тоа што треба да се преземе под ИТНО. Потребно е да се разработат дополнителни финасиски и економски мерки! Еве кои 18 мерки кои треба да се преземат итно:
1. Субвенционирање на придонесите од плата во износ од 100% во туризмот, транспортот и угостителството, како и субвенционирање на 50% од придонесите во сите останати стопански дејности во рок од три месеци;
2. Субвенционирање на платите во износ од 80% во туризмот, транспортот и угостителството, како и субвенционирање на платите во износ од 50% од минималната плата во сите останати дејности во рок од три месеци;
3. Исплата на посебен додаток на плата (покрај редовната плата и другите додатоци) на сите здравствени работници, припадниците на МВР ангажирани на терен и припадниците на АРМ ангажирани на терен во износ од 35% од платата.
4. Укинување на јавниот превоз и обезбедување на бесплатен јавен превоз за сите компании кои имаат повеќе од 5 вработени во рок од три месеци;
5. Финасиска помош за сите компании кои ќе продолжат со производната дејност и обезбедување на бесплатни средства за заштита на сите вработени;
6. Државна субвенција за сите прекувремени часови на вработените во трговијата со прехрамбени производи, фармацијата и индустријата за лекови во износ од 30% за секој прекувремен час во следните три месеци;
7. Финасиска поддршка за сите компании кои нема да отпуштат ниту еден вработен, а за оние кои ќе испратат вработени на принуден одмор субвенционирање на 50% од надоместокот кои комапниите се должни да го исплаќаат на вработените кои се на принуден одмор (надоместокот е 70% од платата);
8. Субвенционирање на платата и придонесите на сите вработени од стопанството кои ја користат мерката да останат дома заради хронични болести, состојба на бременост и чувење на дете/ца до 10 годишна возраст во износ од 50% и вклучување на лицата со попреченост при ослободувањето од работа;
9. Признавање на состојбата на виша сила за сите компании во Македонија и доколку компанијата престане привремено целосно со работа (на пр. во угостителството), субвенционирање на придонесите во износ од 100% за сите вработени кои не се на работа и 70% од надоместокот на плата кој ќе се исплаќа согласно член 112 став 7 од Законот за работните односи во рок од 3 месеци;
10. Можност за исплата на тринеделна плата и придонеси на сите компании кои мораат да ја прекинат дејноста или финасиски стимулации за исплата на плати;
11. Замрзнување на сите долгови по основ на кредити, извршување на пресуди, и други парични побарувања во износ од 100% на сите граѓани во следните 6 месеци;
12. Ослободување од ДДВ за сите компании кои ќе покажат добивка во третиот и четвртиот кваратал од годината;
13. Намалување на каматните стапки кај сите комерцијални банки;
14. Директна парична помош на компаниите во следните три месеци со неповратни државни финасиски средства за што државата ќе се задолжи најмалку 500 милони евра во следните два месеца;
15. Ребаланс на буџетот со одлука на Владата (со оглед на прогласената вонредна состојба тоа е можно) и пренамена на буџетски средства во приоритетни цели за справување со здравствените, економските и финасиските проблеми во следните 3 месеци;
16. Одлагање на сите даночни обврски за компаниите кои во периодот март до јуни ќе покажат загуба;
17. Откуп на државни обврзници и други финасиски мерки;
18. Свртување кон домашната економија и потрошувачка.

Поздрав,
Проф. д-р Лазар Јовевски