ЕкономијаМакедонија

Профитот на „Тетекс“ пораснал за 50 отсто

Профитот на „Тетекс“ пораснал за 50 отсто - Работник
192views

„Тетекс“ е најдобар пример за успешна транзиција во корпоративнo-дивидендна смисла на зборот. Некогаш една од трите најсилни македонски компании успеа да се реорганизира во успешна пазарна компанија која опстојува од вложувањата и која води дивидендна политика за пример. За првите шест месеци годинава иако има пад на приходите од продажба за 12 отсто, благодарејќи на дивидендите нејзината добивка е поголема за 50 отсто

Најпознатиот македонски текстилен комбинат „Тетекс“ продолжува да ги радува своите акционери. Иако за првите шест месеци годинава компанијата бележи пад на приходите за 12 отсто во споредба со лани, сепак добивката на компанијата е поголема за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците од билансите достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Клучот на успехот на најголемиот текстилен бренд и некогашен гигант лежи во „златната кокошка“ – ТТК Банка во која најголем акционер е „Тетекс“, а неговите приходите се од дивидендата што компанијата ја добива од своите акции во друштвата, пишува Фактор.

Целосниот текст можете да го прочитате тука