МакедонијаСиндикат

Претставниците на Владата изразиле волја за прифаќање на барањата на такси превозниците

Пртставниците на Владата изразиле волја за прифаќање на барањата на такси превозниците - Работник
383views

Претставниците на Владата се согласиле со неколку од барањата на Синдикатот на такси превозници на град Скопје, рече потпретседателот на синдикатот, Алексндар Најдоски, ексклузивно за порталот Работник

Најдовски рече дека денеска тие одржале работна средба со претставници на Министерството за транспорт и врски, претставник од Владата и претставници на град Скопје, од областа на транспортот, во Владата на Р.С Македонија.

Тој наведе дека по нивно барање биле доставени предлог – барања, со кои тие инсистирале да се направат одредени промени на законската регулатива за патниот сообраќај и надлежностите што ги има град Скопје. Според него се развила дискусија и тие се согласиле за одредени точки од барањата.

„Се согласија за првата точка, односно за воведување на легитимација за такси возачите, се со цел да се воведе комплетна контрола и првенствено да се стави ред на такси превозниците во градот, а потоа и во државата. Тие се согласија и со другите точки кои се поврзани со првата. Рекоа дека некои работи се прифатливи, но не може сетоа тоа комплетно да се заврши само со еден состанок, бидејќи се под различни надлежности, односно под други министерства, како што се министерството за финансии и министерството за внатрешни работи“, рече Најдоски.

Истакна дека за точката, односно за бројот на издадени легитимации да биде утврдуван од страна на град Скопје или општините им било речено дека за тоа ќе треба да разговараат на ниво на град Скопје.  За барањето да се одложи воведувањето на жолтите таблички до воведувањето на билатерални односи со соседните земји, претставниците им рекле дека тоа е регулирано со директиви на Европската Унија.

Тој наведе дека со претставниците се договориле да остварат уште една средба, на која ќе присуствуваат и претставници од министерството за транспорт и врски и министерството за финансии. Една од точките на нивните барања за новите таксиметри со GPS системи била дискутабилна, но рекле дека ќе се разговара на наредниот состанок кој ќе се одржи на 14 мај.

Најдоски изјави дека синдикатот треба да стапи во контакт со асоцијацијата и групацијата на такси превозници кои треба заедно со нив да учествуваат на следниот состанок. Според него тие ќе се обидат да ги усогласат ставовите претходно, односно племинарно да разговараат со асоцијацијата и групацијата на таксисти во врска со барањата и на наредниот состанок заеднички да ги изложат нивните ставови.

Синдикатот на такси превозници очекува позитевен исход на следната средба со претставниците на Владата.