НаукаСветот на работникот

Психолозите тврдат: Игнорирајте ги колегите и ќе бидете попродуктивни

Психолозите тврдат - Работник
247views

Дури 98 % од работниците тврдат дека колегите ја прекинуваат нивната работа во текот на работното време.

Според психологот Улрике Леонс, сите тие брзи прекини, особено тие лице во лице, можат да бидат прилично деструктивни за вашиот деловен напредок.

Брајт Сајт во разговор со Урлике дошол до одговорот зошто би требало да ги игнорираме колегите на работа и како тоа не прави попродуктивни.

Зошто секогаш сте уморни после работа?

Канцелариската работа бара висока концентрација за извршување на одредени задачи. Ова може да биде прилично тешко доколку сте опкружени со колеги кои од време на време доаѓаат на вашата работна маса и сакаат нешто да ве прашаат.

Прашањата кои колегите ви ги поставуваат можат да бидат различни и не мораат секогаш да бидат врзани за работа, но резулатот е секогаш ист. Вие губите концентрација и се чувствувате како цел ден ништо да не сте работеле.

Вистинската цена на тие „брзи“ прекини

Според психологот Леонс, кога некој ќе ве прекине среде работа, после прекинот може ќе ви требаат од 5 до 25 минути за повторно да се фокусирате на вашата задача.

Освен тоа, потребна е доста енергија за постојано да се префрлувате од задача на задача. затоа се чувствувате преморено на крајот од денот.

Постои и истражување кое открило дека брзите прекини на работата можат да достигант и до 238 минути на ден.

Морате да се сетите каде сте застанале со работата и да започнете повторно да работите, што отприлика одзема 84 минути на ден.

Стресот и уморот нам ни земаат додатни 50 минути. Кога севкупно ќе пресметаме, тоа се 372 минути или 6 часа и 20 минути секој ден, што е речиси цел работен ден.

Како да се справите со прекините?

Работниците во канцелариите се користат со оваа методи:

Некои од нив бираат „слушалки затвор“ за да им покажат на сите околу нив дека се фокусирани на работата во тој момент. Други се обидуваат физички да се одвојат од своите колеги така што ја затвораат вратата од својата канцеларија.

Уште еден начин кој може да ви помогне да се справите со овој проблем е да започнете порано да работите или да останете подолго во канцеларијата за да ја сработите работата без додатни попречувања.

Улрика Леонс ги предлага и следниве методи:

Со својот шеф можете визуелно да го блокирате својот работен простор (на пример, да ги спуштите ролетните) за да не морате да ги гледате другите како стануваат и шетаат до тоалет или одат по кафе.

Можете да се договорите со колегите да во текот на работниот ден одредите фиксно време кога сите ќе се фокусирате на работата и кога нема да се поставуваат непотребни прашања.

Луѓето кои работат од дома патат од истиот проблем. 43 проценти од овие луѓе на дневно ниво се соочуваат со прекини лице во лице. Единствена разлика е во луѓето кои мораат да ни постават итно и брзо прашање. За оние коишто работат од дома тоа се членовите на семејството или другите луѓе во куќата.