ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ПСИ: „Свиркачите“ заслужуваат поголема заштита секаде низ светот

ПСИ: „Свиркачите“ - Работник
215views

Во последните години се зголеми свеста и важноста за заштитата на „свиркачите“. Меѓународната Федерација на синдикати од јавен сектор – ПСИ водеше кампања за препознавање и заштита на „свиркачите“ неколку години, со остварување на состаноци на високо ниво и прикажувајќи ја моменталната слика низ светот.

Усвојувањето на овогодишната ЕУ Директива за заштита на свиркачите, Директивата на Европскиот Парламент и Советот за заштиита на луѓето кои пријавуваат пречки во синдикалното делување, претставува голем чекор напред и овозможува поголемо ниво на заштита во членките на Европската Унија и  на оние „свиркачи“ кои имаат храброст да се изразат. Ова е значаен напредок за заштититата на „свиркачите“ во ЕУ која е под водство на Еурокадрес, од која дел е и ПСИ.

Според ПСИ, сето тоа не е доволно.

Ни треба иста или дури и подобра заштита низ целиот свет; во Африка, Америка, Азија и пошироко, да ги заштити луѓето кои се борат со корупцијата и чии работни места и животи понекогаш се изложени на ризик. Исто така, на нашите вработени во јавниот сектор кои го надгледуваат квалитетот на нашата храна, ресурсите за нашиот здравствен систем, нашите даноци и јавните пари, нашата правосудна администрација, нашите податоци и права на приватност, на сите им е потребна безбедност и знаење дека имаат заштита на свиркачи за да можат да зборуваат и да се уверат дека не сме во опасност преку лошо работење, велат од ПСИ.

ПСИ продолжува со својата кампања и упорност за да се добие стандард на Меѓународната Организација на трудот – МОТ што ќе ги заштити работниците кои се борат против корупцијата и злосторствата ширум светот. Меѓународен инструмент заснован на најдобрите практики и стандарди е непроценлив за да се гарантира рамномерно поле и кохерентен пристап во борбата против корупцијата.