МакедонијаСиндикат

ПСМ го честита денот на пензионерите и бара усогласување на пензиите

ПСМ го честита денот на пензионерите и бара усогласување на пензиите-работник
428views

По повод денот на пензионерите на Р. Македонија, 20 септември, ексклузивно за Работник, Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС, го честита денот на сите пензионери и им посакува добро здравје, долг живот и среќни пензионерски денови.

Претседателот на ПСМ, Марјан Спасовски истакна дека ПСМ продолжува со своите заложби за усогласувањето на пензиите кои треба да се вршат согласно трошоците на живот и согласно порастот на платите.

ПСМ бара да се врати членот 37 кој беше на сила пред неговата измена на 28 декември, 2018 година, каде се вели дека усогласувањето на старосната пензија се врши според движењето на иднексот на трошоците на живтот во висина од 50 проценти и порастот на просечната исплатена плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50 проценти.

Тој смета дека сегашното законско решение за усогласувањето на пензиите нуди минимално усогласување, тргнувајќи од фактот дека просечната плата за 2017/18 е покачена за 9,8 проценти, додека порастот кај пензиите за истиот период е само 5%. Тоа докажува дека постои реален пад на куповната моќ на пензионерите која е 2,4 проценти помала кај пензионерите отколку кај вработените луѓе.

Заложбата на ПСМ за воведување на минимална пензија односно пристојна пензија – за достоинствен живот на пензионерите продолжува да биде главен приоритет на пензионерскиот синдикат на Македонија.