ПравдаСиндикат

ПСМ: Донесена декларација со која се бара да се унапреди стандардот на пензионерите

ПСМ: Донесена декларација - Работник
404views

Пензионерските синдикати во рамките на Европската Федерација на пензионерски синдикати – ФЕРПА се заложија дека заеднички ќе бараат решенија што ќе овозможат да се воведат соодветни минимални пензии со што ќе се подобри социо-економскиот статус на лицата од третата доба, соопштија од Пензионерскиот Синдикат на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија -КСС.

Од таму истакнаа дека е одржана 9–тата регионална конференција на пензионерски синдикати од регионот на која присуствуваа претставници од синдикатите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово*, Македонија, Словенија и Србија.

„На конференцијата на која учествуваше  и Пензионерскиот синдикат на Македонија  при КСС се донесе декларација со која се бара да се унапреди стандардот на пензионерите и возрасните лица“, велат од Пензионерскиот синдикат на Македонија.

Декларацијата ви ја прикажуваме интегрално:

Ние , претставниците од синдикатите на пензионери на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово*, Македонија, Словенија и Србија, учесници на деветата регионална конференција која се одржа на 16.10.2019 год. во Белград

Ја потврдуваме  важноста на пријателството, солидарноста и соработката помеѓу синдикатите на нашите земји, во време кога се повеќе, во време кога пријателствата и соработката меѓу Eвропските нации стабилно растат и односите на мирот и солидарноста се градат низ целиот свет.

Оваа конференција се одржува неколку месеци по изборот на Европскиот парламент и веднаш пред инаугурацијата на новата Европска комисија. До сите европски институции и до нашите влади, без оглед дали се на чело на земјите од ЕУ или не, упатуваме апел за коренита промена во економската и социјалната политика спроведена последниве години и целосна и конкретна имплементација на неодамна усвоениот Европски столб за социјални права, со посебен фокус на социјалните политики кои за предмет ги имаат се побројните – како во ЕУ така и во нивните земји – пензионери и стари лица.

Со цел надминување на социјалните разлики во Унијата, неопходни се промени кои подразбираат и унапредување на даночните политики и политики за благосостојба.

Истовремено, при изработка на програма за користење на средствата на ЕУ и нивна реализација, повеќе простор треба да се даде за решавање на социјалните проблеми.

Исто така, апелираме до европските институции да продолжат и да забрзаат во спроведување на политиките за проширување кои подразбираат пристапување на земјите од нашиот регион кон Унијата и така да допринесат за зајакнување на демократска, мирољубива, солидарна и социјална Европа, во која ќе бидат надминати старите и новите судири меѓу соседите – со почитување на сите човекови права и меѓународни конвенции.

Бараме да се посвети повеќе внимание на соседската политика спрема земјите кои изегуваат на Средоземното море и со нив да се градат партнерски односи кои поттикнуваат одржлив развој на локалните заедници, отварање на работни места достојни за луѓето – особено младите луѓе, акција за одбрана и заштитата на животната средина и создавање на услови за достоинствен живот на сите луѓе од сите возрасти. Требало да се обнови идејата за макро- регион во која ќе биде присутна и социјална, а не само економска и трговска димензија.

Бараме радикална промена во миграциската политика. Сметаме дека е неприфатливо ЕУ и нашите влади да ги затворат, понекогаш со сила, нивните граници со цел спречување на минување и сместување на мигранти, бегалци и баратели на азил кои бегаат од војни, климатски катастрофи, брутална репресија и дискриминација, или се во потрага по подобри услови за живеење и работа.Во преден план би требало секогаш да биде почитување и грижа за човековите права, но овде се работи и за тоа дека затворената политика – ако ја земеме во предвид сериозноста на демографската криза која зафати многу европски земји и фактот дека почнува да влијае на многу земји од нашиот регион – неразумно. Сосема е можно, и би било корисно, да се усогласат политиките на легален влез, прием и вклучување оние кои доагаат, бидејќи тие како што покажува повеќевековното искуство со миграцијата во и надвор од Европа, таа е корисна и за нив и за локалното население, т.е. за земјите од каде доаѓаат и земјите каде што доаѓаат. Мора да се започне со ревизија на Даблинскиот договор, бидејќи приемот, давањето азил и интеграцијата на мигрантите во општеството не смеат да бидат оставени на преговори меѓу поединечни земји, туку мора да станат дел од заедничката европска политика.

Како пензионери мора да се вклучиме во обновување на меѓугенерацискиот договор со наредните генерации кои доаѓаат на кои нашите влади мора да им обезбедат стабилно и квалитетно вработување, како и сеопфатни и за сите достапни системи за социјално осигурување – на тој начин да помогнеме да се запре депопулацијата на цели области во регионот.

Во однос на животните услови на пензионерите и старите лица, кои се во центарот на интересот на овој собир, ние како претставници на пензионерските синдикати на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово *, Северна Македонија, Словенија и Србија

БАРАМЕ МИНИМАЛНИ ПЕНЗИИ КОИ ЌЕ БИДАТ ДОВОЛНИ ЗА КВАЛТИТЕН И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ НА ЧОВЕКОТ

Ние во нашето минато со својата работа и ангажирање допринесовме во развојот и напредокот на општеството. Поради тоа заслужуваме почит, но и адекватни решенија кои ќе гарантираат дека пензионирањето не означува почеток на живот во беда.

Ние сме против тоа дека во различни студии (особено оние што се однесуваат на одржливоста на јавните финансии), демографската промена и порастот на бројот на пензионерите се толкувани како природна непогода. Време е да се прекинеме со тоа, бидејќи продолжувањето на животот е една од целите на нашата цивилизација и не претставува болест што треба да се лекува, туку животна фаза која, доколку се обезбедат неопходните услови може да биде исполнета, корисна и продуктивна.

За да се обезбеди достоинствен живот во третото доба, владите мора да гарантираат:

–  Вистинско јавно здравство достапно за сите;

–  Зајакнување на првиот (државен) пензиски столб;

– Поддршка на самостојните стари лица и социјалните политики кои обезбедуваат достоинствен живот за оние кои не се доволно самостојни и членовите на нивните семејства;

– Соодветна, прилагодена на пензионерите, политика за домување, намалување на енергетската несигурност, сместување што ги задоволува посебните потреби на старите лица и промени во фискалната, финансиската, социјалната и станбената област неопходни за да се постигне ова;

– Безбедни, квалитетни и за сите  достапни и трајни услуги за лекување, стандарди во областа на здравството и домувањето, финансирање на лица од државните фондови и нивно право на економска помош во случај да немаат средства самостојно да се финансираат;

– Основни услуги што им се достапни на сите во областа на снабдувањето со вода, хигиена, јавен превоз, финансии, интернет комуникација и др.

– Можност за постарите лица да продолжат да работат без казни доколку сакаат, и за време на работното време и во работни услови што ги штитат и подобрат нивното здравје и безбедност.

СИНДИКАТИТЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ  ПРОМОВИРААТ ПРЕДЛОЗИ И РЕШЕНИЈА КОИ ЗА ЦЕЛ ИМААТ ПРОМЕНА НА ПЕНЗИСКИТЕ СИСТЕМИ И УКИНУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА:

–  Развивање систем на социјални индикатори во сите земји за утврдување минимални пензии, што не само што ќе ги земат предвид позитивните трендови, туку ќе се користат и како основа за донесување ефективни мерки во областа на борба со сиромаштијата и социјалната исклученост;

– Дефинирање во сите земји на потрошувачка кошница со производи и услуги неопходни за лица над 65 години, со цел да се утврди реалниот износ на  минимална пензија;

– Минимални пензии кои не ги осудуваат примателите на истата на живот под линијата на сиромаштија;

– Договорени минимални плати кои обезбедуваат достоинствен живот за една личност и обезбедуваат мотивација за работа – со што се овозможуваат пензии што ќе го сочуваат човечкото достоинство;

– Гарантирање на пензии кои значат барем минимална социјална помош за ониекои не ги исполниле условите за пензија и затоа немаат ни минимална пензија,

– Зголемување на пензиите, така што ќе се следат платите, со оглед дека многу пензиски „реформи“ и мерки за штедење значително ги намалија пензиите;

Пензионерските синдикати во рамките на ФЕРПА заеднички ќе бараат решенија што ќе овозможат да се воведат соодветни минимални пензии во нивните земји. Тие ги поддржуваат напорите на ФЕРПА да ја зголемат репрезентативноста и да ја трансформираат организацијата во важен фактор во европската политика со дефинирање на платформи чие спроведување може да придонесе за подобрување на животните услови на пензионерите.

Синдикатите бараат од  европските институции да ги исполнат своите обврски и да стават крај на сиромаштијата преку проценка на адекватноста и одржливоста на пензиските системи и системите на социјалната заштита.