- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Пуштен во употреба билетот за едно возење на ЈСП Скопје

ЈСП - Работник
308views

Јавното Сообраќајно претпријатие инфомриа дека во употреба е пуштен билетот за едно возење. Истиот може да се купи во сите автобуси на ЈСП и во билетарниците.

Согласно одлуката на Советот на град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, билетот чини 50 денари.Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компатибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон“, истакнаа од ЈСП Скопје.