Работата од дома е поголема закана за британците од хакерите: Пријавиле 3,000 изгубени лаптопи

Губењето на лаптопи во текот на работата од дома е поголема финансиска закана за британската индустрија отколку хакерските напади.

Во текот на претходните две години, Канцеларијата на доверителот за информации (ICO), примила повеќе од 3,000 извештаи за губење на уред.

Сепак, во истиот период само една компанија, адвокатска канцеларија, е казнета поради безбедносни пропусти кои им овозможиле на хакерите да влезат во системот и да побараат пари.

„Заминувањето во канцеларија можеби повеќе не е секојдневна рутина, патувајќи помеѓу локациите, вработените носат свои лаптопи бидејќи праксата се променила. Оставањето на лаптопите во автобусите, кафулињата… е сосема предвидливо“, рекол Мартин Ли, шеф за сајбер безбедност во компанијата Cisco.

Во март оваа година ICO го казнил Tucker Solicitors со 98,000 фунти (околу 113,000 евра) бидејќи не „спровел соодветни технички и организациски мерки“ на своите компјутерски мрежи за да се спречат ransomware, пренесува британски Telegraf.

Тие упаднале во системот на адвокатската канцеларија со седиште во Лондон и украле илјадници фајлови, кои некои ги прикачиле на интернет за да може секој да ги прочита.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock