МакедонијаСиндикат

„Работа во иднината“ – тема на летната академија за млади на ССМ

„Работа во иднината“ - тема на летната академија за млади на ССМ - Работник
248views

Во периодот од 15-17 мај 2019 година, во Охрид, во организација на Секцијата на млади на ССМ, се одржа Првата Летна Академија за млади на тема „Работа во иднината“, истакнаа од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ, на нивната веб страна.

На оваа Академија присуствуваа членовите на Извршниот одбор на СМССМ, како и останати млади членови на синдикатите здружени во ССМ.

Академијата ја отвори и водеше претседателот на СМССМ, Ирена Ивановска, а истата беше тематски структуирана, опфаќајки повеќе области во делот на положбата на младите на пазарот на трудот, родовиот јаз во исплатата на платите, дигитализацијата, како и нестандардните форми на вработување, кои беа презентирана од страна на претставници на ССМ и гранските синдикати.

Исто така, на оваа Академија, свои онлајн видео презентации имаа и Греам Сансоне, заменик претседател на Одборот на млади на Европската конфедерација на синдикати и претседател на Медитеранскиот регион на тема: Правото на дисконектирање и Теа Јарц, претседател на синдикатот Млади Плус од Словенија, на тема: Привлекување на младите луѓе во синдикатите.

Она што беше потенцирано од страна на самите учесници на Академијата е потребата од континуирани обуки на младите лица од страна на синдикатите и СМССМ со цел надминување на одредени проблеми со кои младите вработени се соочуваат во своите работни средини. Исто така, беа донесени одредени заклучоци и препораки во насока на понатамошно делување на СМССМ за унапредување на првата од работен однос на младите луѓе.

Оваа Академија е дел од Програмата за работа на СМССМ, а во согласност со Програмата на работа и на Европската конфедерација на синдикати.

Извор: ССМ