Светот на работникот

Работа во хотел – работа од дома

   Време за читање 1 минута

Хотелската компанија Хилтон најавила отворање на дури 700 нови работни места со полно работно време од дома.

Со таа одлука значајно ја проши својата програма за кариери на долг рок и овозможи флексибилни можности за работа ширум Соединетите американски држави.

Новите работни места од дома се отвораат во склоп со тимот на Хилтон Резервации и грижа за купувачите (ХРЦЦ), работниците од дома имаат еднакви права како и останатите вработени, вклучувајќи ги и можностите за раст и напредување во кариерата.

Овие се работни места во САД, но со денешните технологии и можностите кои им ги нудат, може да се реализираат речиси секаде во светот, пишува Пословни дневник.

Поединечни европски земји познаваат и други облици на флексибилности како што се работно време кое во предвид го зема престојувањето на детето во училиште или градинка, работа во време кога не се училишни празници, работно време кое би барало работење во време кога има премногу работа во поединечни дејности (хотели и време за оброк на гостите…), работа во време кое работникот го пријавил за тоа кога е слободен да работи, телеворк и т.н.

Платата на работниците кои работат на издвоено работно место не смее да биде утврдена со помал износ од платата на работниците кои работат во просториите на работодавачот на исто или слично работно место.

Работодавачот е должен да му осигура на работникот безбедни услови за работа, а работникот е должен да се придржува кон сите сигурносни и здравствени мерки во согласност со посебните закони и другите прописи.