Магазин

Работа од дома на Малдивите за 23,250 долари неделно

Работа од дома - Работник
166views

Работна маса до тиркизно зелениот океан, палми и ветренце, личен асистент, постојано достапни освежителни пијалаци. 

Можеби од прв пат се чини дека е претерано имагинативен попис на желби на исфрустриран работник кој работи од дома, но луксузното одморалиште на Малдиви нуди токму ваков „работен пакет“, со сите наведени и бројни други предности, пишува Си – Ен – Ен. 

Туристичкиот резорт „Наутилус Малдивес“ е отворен од 1 септември, а на заинтересираните туристи и гости им нуди својата „домашна канцеларија“ на три недели да ја преместат од сопствениот дом во луксузната канцеларија на атолот Баа кој се наоѓа на листата на резеравати на биосферата на УНЕСКО. Но понудениот пакет поради ценета, не е за секого, пишува Seebiz.eu.

Седумдневнуот одмор кој вклучува седум ноќевања за двајца во една од 26 – те луксузни куќи на самата плажа изнесува 23,250 долари, а за двонеделен или тринеделен одмор треба да се издвојат 37,850, односно 52,000 долари. 

На сите кои ќе поскаат да работат на овој начин резоротот им нуди „совршена приватност и изолираност“ во одморалиштето сместено на приватен остров, со секојдневна можност за вежабање на јога, фитнес или медитација, како и можност за приватен наем на луксузна јахта со која, по напрониот работен ден гостите, при зајдисонце можат да го следат пливањето на јато делфини. 

Доколку се одлучите за еден од понудените пакети ќе можете секојдневно по неколку часа да работите и од осамена песочна плажа на која ќе ве чека работна маса и крошна за заштита од сонцето. На таквиот поглед, без сомневање ќе ви завидат сите колеги во текот на работниот видео повик. 

За да сами не морате да се оперетувате со административените обврски за пријавување за доаѓање на Малдивите, љубезниот персонал ќе го направи тоа наместо вас. За тоа време вие безгрижено ќе пиете коктел во приватен салон на аеродромот. 

Малдиви моментално се отворено за сите туристи кои имаат доказ за негативен ПЦР тест на Ковид – 19 кој не смее да биде постар од 72 часа, сметајќи го време од поаѓање од одредиштето.

Слични пакети за сите кои работат од дома во време на пандемија нудат и останатите атрактивни резорти. 

Така на пример, дестинациите како Барбадос или Бермуда на турстите им нудат работни визи во траење од една година, а и бројни американски хотели рекламираат слични нови услуги. 

Калифорнискиот хотел „The Sawyer“ на заинтересираните со „длабок џеб“ им нуди куќички на базен со Wi – Fi мрежа, вклучувајќи и паркинг место и ручек по цена од 150 долари дневно, а хотелот Хамилтон во Вашингтон лансирал пакет кои на гостите им нуди секојдневно користење на собите до 16 часот со појадок, по цена од 109 долари дневно.