ЕкономијаСветСветот на работникот

Работа од дома – принуден потег на многу компании кои се претвора во пракса

Работа од дома - Работник
177views

Пандемијата на корона вирусот би можела да стане „движење“ на зголемената работа од далечина во иднина, а резулатите на анкетата „Работа од дома во текот на Ковид – 19“, покажале дека 82 отсто од вработените сакале да работат од далечина еден ден и повеќе дена во неделата, пренесува хрватскиот портал Пословни.хр.

Истражувањето на голобалната компанија за советување на пазарот на недвижнини Колијерс интернешенел (Colliers International), спореведено на повеќе од 3,000 испитаници од широк спектар на канцелариски професии во повеќе од 25 земји, покажало дека 71 отсто од испитаниците кои пред избивањето на пандемијата не работеле од дома, сега изразиле желба да работат од далечина барем еден ден во неделата во иднина.

Резулатите покажале дека 53 отсто од испитаниците веруваат дека нивната продуктивност не се променила во текот на работењето од дома, додека 24 проценти од нив сметаат дека дури им се зголемила.

Продуктивноста најмногу пораснала во финансискиот сектор, стручните служби и технолошката индустрија.

Најголемиот пад на продуктивноста е забележан во правниот, образовниот и истражувачкиот сектор.

И покрај физичката дистанца, 76 проценти од испитаниците и понатаму се чувствуваат поврзани со своите тимови во текот на работењето на далечина, но сепак 58 проценти од нив сметаат дека подобро соработуваат во канцеларија, отколку од далечина.

Компанијата соопштила дека повеќевременското истражување ќе биде завршено на крајот од април.

Целта на истражувањето е, како што се наведува, да пружи увид во ефикасноста на работата од дома во текот на избивањето на Ковид – 19, да идентификува можности за подобрување на работењето, како и да ја истражи долгорочната цел на канцелариското работење.