- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Работа од соништата за љубителите на виното – плата до 10,000 долари

Работа од соништата за љубителите на виното - Работник
315views

Винаријата Марфи – Гуд од Калифорнија објавила оглас за работа од соништата за сите љубители на вино. 

Лицето кое ќе ја добие работата ќе живее една година во виноградот во калифорниската облас Сонома која е позната по вината, нема да плаќа ќирија и ќе прима плата од 10,000 долари месечно!

Новиот вработен во винаријата Марфи – Гуд би требало да биде подготвен да ја „следи својата страст“, напишала компанијата. 

Првите неколку месеци, работните обврски се широки, што му овозможува на вработениот да сфати кои аспекти од винарството најмногу го интересираат. После тоа, винаријата со новиот вработен ќе работи на „дефинирање на неговите страсти и врежување на неговото место во светот на виното“. 

„Ви нудиме работа која ќе ве катапултира во винската стратосфера“, наведува компанијата. 

Некои од потенцијалните работни обврски се и стекнување на знаење за винарството и работење во винаријата, како и учење за светот на е – трговија. 

Семејната винарија основана во 1985 година, за првпат оваа позиција за вовела во 2009 година, со почетен фокус на документирање на работата на социјалните мрежи, а оваа година се одлучиле повторно да го отворат работното место „бидејќи земјата се соочува со низа на потполно нови предизвици“. 

Работата е отворена за постари од 21 година кои се овластени за работа во САД, а потенцијалниот кандидат ќе мора да сними и видео во кое ќе објасни зошто оваа работа е од неговите соништа. Најважна квалификација е – љубовта кон виното. 

Кандидатите на огласот можат да се пријават до 30 јуни, а кандидатот кој ќе ја добие работат „стапува на должност“ во септември оваа година.