ЕкономијаЗанимливостиСвет

Работа од соништата: Компанија нуди пари за спиење

Работа од соништата - Работник
59views

Sleep Standards, веб страна која дели рецензии за производите за спиење, како и совети за подобар сон е во потрага по луѓе кои сакаат да испробаат осум различни душеци. 

Како што пренесува Вечерни лист, би било пожелно да се пријавуваат парови, а во замена компанијата нуди дури 3,000 долари. 

Компанијата бара пет парови на кои секоја недела ќе има праќа нов душек за испробување, а услов е да бидат „брутално“ искрени за да добијат добри повратни информации за цврстината, мекоста, флексибилност, чкрипењето и удобноста на душеците. 

На крајот од експериментот, освен парите, паровите на подарок ќе го добијат и душекот кој најмногу им се допаднал. Можат да се пријават само полнолетни луѓе, но за жал, само жители на САД.