Работен ден на директор во Дојче Банк: Станува во 5 наутро, не пропушта тренинг и патува по 50 пати годишно
Пиерс Констејбл е генерален директор во Дојче банк, задолжен за структруно финансирање на трговија и извоз. Секое утро се буди во пет часот, а од осум до десет дена во месецот ги поминува на службени патувања.
Констејбл, кој работи во седишето во Њујорк, патувал во повеќе од 60 земји работејќи за Дојче банк, а живеел во Лондон и Дубаи. Неговиот тим го договора финансирањето за инфраструктурните проекти на пазарите во зачеток.
Секој ден се буди во пет часот наутро за да вежба, а често, како што вели успева и подоцна во текот на денот да „уфрли“ уште еден тренинг.
„Станувам рано за да одам на пливање или да возам велосипед. Тоа е отприлика еден час помалку за спиење, но тоа ми дава повеќе енергија отколку што би имал доколку би останувал во кревет. Мислам дека никој не сака да се буди во пет часот, но ако тоа стане навика, многу е полесно“, рекол Констејбл за Бизнис Инсајдер, пренесува Блиц.
Вели дека му се случува да патува толку многу, што понекогаш му е потребен момент за да се сети каде се разбудил.
Неодамна се разбудил во хотел во Абидијана во Брегот на Слоновата Коска, каде стигнал по 15 часа лет. Предворјето на хотелот било празно во 6 часот наутро кога отишол на базен, малку подоцна отколку што оди бидејќи во тој хотел не е дозволено пливање пред 6 часот.
Инаку, како што тврди, кога ќе дојде во нов град сака да трча наутро и на тој начин да го истражи новото место, но овој пат поради неодамнешната повреда се определил за базенот. Интересно е што хотелот за сместување во текот на патувањата го одбира според квалитетот на можностите за вежбање.
До 7 и 30 појадувал со својот клиент во хотелот, па така испланирале стратегија за состанот за тој ден. Во 8 и 30 ги чекал автомобилот за да ги одвевзе на првиот состанок.
Како што тврди, обично на состаноците оди со локално такси во текот на патувањата, но овој пат се определил за хотелски автомобил кои ги возел од состанок на состанок. Првиот состанок започнал во 9 часот.
Му се придружила колешката од Дубаи, Мирјам која „без мака преоѓа помеѓу францускиот и англискиот“, што нивните состаноци во Абидијана ги направиле многу продуктивни, рекол тој. Констејбл тврди дека состаноците се многу важни.
„Во некои делови на светот не постои замена за развојот на односот лице во лице, градење на доверба и разбирање на целите“, рекол. „Оваа е работа за луѓе и не можам да замислам дека ќе дојде време кога мојата работа ќе може да ја обавува робот“.
Констејбл обично се обидува да руча со клиентите, но овој пат морал на брзина да изеде еден сендвич во 12 и 30 на пладне, во текот на конференцискиот повик со Лондон, Франкфурт и Хонгконг помеѓу состаноците.
По уште една рунда пландневни состаноци, во 19 часот морал да избере помеѓу вечера пред летањето дома или получасовно вежбање во теретаната на хотелот. Се одлучил за вежбање бидејќи сфатил дека тоа ќе му го олесни спиењето во авион. Констејбл стигнал на аеродром за својот лет кон дома до 22 часот.
„Годишно летам повеќе од 50 пати, а и ги сакам аеродомите, и покрај тоа што таму се поминува долго непродуктивно време“, рекол тој. „Поголемиот дел на луѓето со нетрпение ги чекаат пријателите или роднините или се возбудуваат кога патуваат за прв пат, така да енергијата е секогаш позитивна“, објаснува Констејбл.
По работењето во авионот во текот на петнаесетчасовниот лет, слетал во Њујорк наредното пладне и отишло на двочасовно возење со велосипед „за да ја врати енергијата која ја изгубил во текот на летот“.
Откако испраќал мејлови неколку часа, легнал да спие во 21 часот.
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025