Работилница: Безбедност и здравје при работа во училиштата
Денеска започна дводневната работилница за “Безбедност и здравје при работа во училиштата”. Оваа работилница е во соработка на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Solidarity Center од САД.
На првиот ден од работилницата обраќања имаа Претседателот на КСС Благоја Ралповски, Програмскиот координатор на Solidarity Center Стивен Меклауд и Претседателот на СОНК Јаким Неделков, како и Претседателот на Македонско здружение за заштита при работа, Милан Петковски, којшто има улога на предавач.

Клучна тема на оваа работилница е безбедноста и здравјето на вработените во училиштата и проценката на ризик.
На работилницата присуствуваат претставници на синдикатите од различни дејности.

