МакедонијаПравдаСиндикат

Работилница: Безбедност и здравје при работа и како да се справиме со повредите на работното место?

Работилница: Безбедност и здравје при работа -Работник
451views

„Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето на одлуки како поддршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ“, беше тема на денешната работилница, спроведена од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија -КСС, Македонското Здружение за заштита при работа-МЗЗПР и Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ.

Со работилницата беа опфатени и законските прописи кои произлегуваат од законот за заштита при работа и голе дел од работилницата се зборуваше за него.

Во воведното обраќање, Претседателот на КСС, Благоја Ралповски рече дека синдикатите треба да се стремат кон кревањето на свеста на работниците за тие повеќе да ги почитуваат стандардите за заштита при работа и дека треба повеќе да се зборува на оваа тема, бидејќи според него не се третира премногу. Наведе дека КСС како синдикат во јавниот сектор треба повеќе да се занимава со професионалните заболувања на вработените во јавната администрација.

Претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски, рече дека не се води никаква евиденција за тоа колку работници биле повредени или загинале на работните места. Според него, безбедноста и здравјето при работа како најважен сегмент треба повеќе да се третира од страна на синдикатите, работодавачите и Владата. Тој наведе и дека жртвите на работното место не се интересни за медиумите кои многу слабо ги покриваат ваквите случувања, иако ваквите несакани појави треба да бидат се повеќе во медиумите, за да се крева свеста и со тоа да се спречат несаканите последици.

На работилницата се зборуваше за безбедност и здравје при работа и примена на работното место, каде што се опфатија примери од работните места. Потоа следуваше дискусија за примери од пракса и за тоа какви мерки треба да се преземат за заштита при работа, справување со повредите на работното место и на крајот имаше дискусија и донесување на заклучоци.

На работилницата учествуваа членови на синдикати и претставници од МЗЗПР.

Предавач на обуката беше Снежана Јанкова Петковска, експерт од областа на безбедност и здравје при работа.

Работилницата е организирана под мотото: „Безбеден работник е почитуван работник“.