Правда

Работилница на Јуридика на тема: „актуелни прашања, дилеми и решенија од областа на работните односи“

189views

Асоцијацијата за правно-економски истражувања – Јуридика, денес одржа работилница, на тема: „актуелни прашања, дилеми и решенија од областа на работните односи.“

Работилницата беше поделена на три дела. Во првиот дел се дискутираше за засновање на работен однос, мобинг и дискриминација, безбедност и здравје при работа и надоместок на штета. Во вториот дел се дебатираше за престанокот на работниот однос и постапка пред работодавачот, судот, инспекцискиот надзор и роковите за неговиот престанок. Додека во третиот дел се зборуваше за новите даночни и финанскиски решенија во врска со платите и надоместоците на штета.

На работилницита, главни дебатери беа: Судијата Санде Зиков, Судијата Хилда Мешкова, Судијата Кенанзија Мехмед, Судијата Бојана Велковска,  Проф. Др. Лазар Јовевски, инспекторите од Инспекторатот на Труд, Амир Имери и Злате Стојановски, како и М-р Благоја Грозданов, финасиски и даночен експерт од Конто Профит.

На работилницата, во својство на публика со можност за разменување на ставови, учествуваа судии и адвокати, од областата на работните односи, професори од правен факултет претставници на работодавачи и синдикати, претставник од Агенцијата за вработување на Македонија, претставник од Министерството за труд и социјална политика, студенти, претставници од Македонското Здруженије за здравје и безбедност при работа (МЗЗПР), извршители, нотари и вештаци. На сите учесници им беше овозможено да се вклучат во дискусија.

Лазар Јовевски, професор по трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, којшто воедно беше и модератор, во неговата изјава рече:

„Идејата за организација на едно вакво советување е поттикна да се соберат експерти од различни области, во однос на праксата и теоријата и луѓе како што се:  нотари, адвокати, извршители, раководители и други, со цел да отвори дискусија поврзана со прашања за работните односи и дилеми, коишто го обременуваат нашето оштество и правниот систем и практикувачите на самото право. Друга цел е и да се одговори на прашања, кои ќе помогнат, од една страна да се надминат проблемите и дилемите, а од друга страна да се даде еден пример за тоа на кој начин треба сите актери, кои се во овој процес да се вклучат во насока на соработка и изедначување на ставовите во одредени трудо-правни прашања“, рече професорот Јовевски.

Тој додаде дека советувањето има за цел да помогне со тоа што ќе укаже на слабите точки во актуелните законски решенија и да се предложат нови, односно во новите закони, кои ќе се носат, да се предложат соодветни и адекватни решенија, коишто ќе може, да одговорат на потребите на македонската реалност. Присутните на советувањето, како судиите, адвокати, професори, претставници од министерството за труд, од Агенцијата за вработување, од медицината на трудот, од синдикатите и работодавачите, во овој состав, помогна ова советување да биде исклучително успешно и да послужи за пример во која насока треба да се движат работите за развивање на подобар работен однос, коишто ќе произведе достоинствени работни односи, задоволни социјални партнери и благосостојба во државата.

Работилницата се одржа во Хотел Континентал во Скопје. Ова е една од низата на работилници, кои Јуридика ги најави за во иднина, а со цел да се едуцираат засегнатите страни, од правен и економски домен.