- Advertisement -
КолумниНовости

Работникот е на дното на општеството. Кој е виновникот за тоа?

723views

Секоја политичка партија, пред да дојде на власт, за време на предизборната кампања, се расфрла со ветувања. Овие ветувања, најчесто се истите од претходните избори. А, замислете во претходниот мандат од четири години, веќе ветените ветувања не ги исполниле, па ни ги сервираат повторно и повторно и повторно… Откако јас знам за себе, односно од кога започнав да бидам исложен на политичките случувања во Македонија, постојано ги слушам истите ветувања. Да, и она што е најинтересно од се, с‘е ветувањата што не можат во реалност да се исполнат бидејќи нема услови за тоа. Последното вакво ветување беше за просечната плата, за која Премиерот Зоран Заев вети дека ќе стигне до 34,000 денари, но проекциите на Министерството за финансии покажаа дека до 2024 година, кога и завршува мандатот на оваа Влада, просечната плата може најмногу да стигне до 30,000 денари. Тука, исто така морам да посочам дека Никола Груевски, во времето кога беше Премиер на Македонија, направи голема грешка што не ја зголеми минималната плата. ВМРО – ДПМНЕ воведе минимална плата од 8,050 денари, но не ја зголеми и тоа еден голем минус во неговиот мандат, барем според мене. Она што исто така не направи е сурово реформирање на трудовиот систем. Но, трудовиот систем, како што гледам, не е приоритет на ниедна Влада, иако работничката класа е двигател во секое општество. Доколку не би била таа, тогаш не би имал кој да произведува и создава.

Работникот во Македонија, несомнено е на дното на општетство и се споменува чат – пат, колку да не остане не споменат. Повеќе тука акцентот се става на бизнис заедницата, што секако не е нешто лошо, но работничката класа не смее да се заборави. Гледам дека тоа се случува. Таа се заборава. Но, властодржците и бизнис секторот не знаат дека македонската класа еден ден ќе ги заборави нив и дека својот капитал ќе го вложи во друга држава, некаде во Западна Европа или во некоја прекуокеанска држава. Како што гледам и нема баш некоја голема грижа околу одливот. Инаку, самите бизнисмени велат дека одливот на кадар е фактор кој негативно влијае на бизнис климата во Македонија, а речиси секојдневно гледаме одлуки за спроведување на стратегии за економски реформи кои на хартија се совршени, но според бизнис заедницата, во пракса не даваат големи резултати. 

Имаме големо ниво на корупција која исто така влијае негативно на создавањето на бизнис клима и нови потенцијални работни места за оние коишто чекаат вработување. Согледувајќи ја сегашната ситуација, јас не гледам дека во скоро време корупцијата во нашата држава дека ќе се намали. Но, да бидам искрен, таа не е тука само овие четири години, туку е присутна од осмостојувањето на Македонија. За тоа колку е намалена/зголемена покажуваат анализите на релевантните странски институти и организации, како што е на пример Трансперенси Интернешнл, чијашто анализа за перцепцијата на корупција за 2020 година, Македонија ја ангажираше на 111 место. А и сивата економија изнесува еден висок и завиден процент од 37 % од Бруто домашниот производ. Да бидеме на чисто, во секоја држава има сива економија, дури и во Западниот свет, но е во многу помал процент за разлика од Македонија.

Јас гледам и нелогичност во некои од извештаите, особено за условите за водење на бизнис. Според извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ Македонија е рангирана на високото 17 место од 193 земји во светот. Во однос на овој извештај, ставот на некои од бизнисмените е дека може само да се користи за реклама, бидејќи не се земаат сите параметри во предвид и дека реалноста е сосема поинаква.

Јас се надевам на подобрување на ситуацијата, бидејќи како и што имам кажано во многу наврати јас сум вечен оптимист, но и тој има рок на траење. Верувам дека има и многу други коишто се оптимисти за тоа дека ситуацијата во Македонија ќе се подобри и дека без разлика на тоа што не сме се‘ уште дел на Европската унија, ќе ги примениме европските вредности. Јас напредокот го гледам во нив. Се разбира, потребна е и политичка волја која во моментот на нема. Можеби ќе се случи нешто, што ќе ја мотивира оваа политичка волја. Останува останува да видиме.

Бобан Илијевски