ПравдаСветСветот на работникот

Работник на пристаништето во Бејрут пронајден 30 часа по експлозијата – од силната детонација завршил во морето (вознемирувачко фото)

Работник на пристаништето - Работник
194views

Работник од пристаништето во Бејрут, Амин Ал Захед, пронајден е 30 часа по катастрофалната експлозија која го уништи градот.

Ал Захед е пронајден жив во Средоземното море во кое завршил после силната детонација.

На сликата објавена на социјалните медиуми се гледа како член на спасувачки тим држи човек покриен со крв на палубата од бродот, за кој се вели дека е Ал Захад.
 

Според извештајот на Ал Арабија, пристанишниот работник бил пренесен во универзитетската болница Рафиќ Харири во Бејрут по неговото спасување.

Меѓутоа, неговото семејство и понатаму тврди дека не може да го пронајде.

Очајните Либанци кои и понатаму трагаат по своите блиски кои исчезнале во експлозијата, отвориле инстаграм профил преку кој бараат помош.