НовостиПравдаСветСветот на работникот

Работник се самозапалил после расправија околу платата

Работник се самозапалил - Работник
126views

Кинеските закони за труд се повеќе се преиспитуваат. Доставувачите во земјата се изложени на лоши работни услови, велат податоците на здруженијата за работнички права, Кинескиот билтен за работа, вклучувајќи го и нефорамалното вработување или социјалното осигурување и „насилната пракса на управување“. А возачите за испорака се во особено незгодна положба. 

Во видео записите кои се споделени на социјалните мрежи, возачот Лиу Јин се запалил во еден град на истокот од Кина. 

Тоа следело по спорот околу платата со локалниот партнер на платформата на Алибаба за достава на храна Еле.ме, рекле изворите запознаени со ситуацијата, откако поднел оставка и се придружил на ривалската служба за достава на храна Мејтуан.

Откако се здобил со изгореници од трет степен, Лиу сега има медицински долгови поголеми од милион јуани (150,000 американски долари). „Тажни сме поради трагичното случување“, рекле од Еле.ме. „Ситуацијата моментално е под истрага и во оваа фаза не можеме да коментираме“. 

Ситуација на Лиу е слична на искуствата на многу други возачи на испораки во Кина. 

Возач од Експрес во Пекинг рекол дека бројот на нарачки кој секојдневно мора да се испорача се дуплирал од почетокот на 2019 година, достигнувајќи повеќе од 400 периодот на Деновите на самците. Ако не го исполни таргетот, платата ќе му биде сменета. 

Последиците од брзиот економски раст на Кина не ги чувстуваат само лошо платените возачи. 22 годишна службеничка во платформата за е – трговија Пиндудуо умрела во декември, што наголемо се препишува на работната култура „996“ која доминира во кинеската технолошка индустрија. Тоа значи дека многу од вработените работат од 09:00 до 21:00, шест ден во неделата. 

Кина се нашла и на удар на критики бидејќи на компаниите им дозволила да ги користат луѓето, што на некој начин е присилна работа.

Advertisement