ЕкономијаСветСветот на работникот

Работниот век во ЕУ се зголемува

Работниот век во ЕУ се зголемува - Работник
239views

Според процените на агенцијата Евростат, работниот век на населението во Европската унија постаро од 15 години во 2019 година, изнесува 35,9 години. Во однос на 2008 година, тоа е подолго за 0,2 години, а во однос на 2000 година за 3,6 години.

Работниот век на машката популација во ЕУ минатата година изнесувал 38,3 години, а кај женската популација 33,4 години. Просечната должина на работниот век меѓу земјите на ЕУ се движи од 32 години во Италија до 42 години во Шведска, велат процените на Евростат.

Анализата смета дека опсегот е уште поголем во Европа во однос на земјите кои не се членки на ЕУ и дека тој се движи од 29,3 години во Турција до 45,8 години во Исланд.

Најдолг работен век помеѓу земјите членки на ЕУ минатата година имале Шведска и Холандија, односно 42 и 41 година, а потоа следува Данска (40), Германија (39,1) и Естонија (39 години).

Најкраток работен век минатата година имале Италијанците (32 години), Хрватите (32,5), Грците (33,2), Белгијците и Полјаците (33,6 години двете).

Најголем пораст на работниот век во однос на 2000 година е забележано во Малта, за 7,6 години, а потоа следат Унгарија (6,9 години) и Естонија (5,6 години), а најниско во Данска (1,7 години) и Грција (1,8 години). Само во Романија, регистрирано е 2,2-годишно намалување на работниот век, се вели во извештајот на Евростат.