- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Работниците во „Баргала“ работеле за 10.000 денари: Бараат корекции на три плати и исплата на јулската

Работниците во „Баргала“ - Работник
280views

Работниците во фабриката за чевли „Баргала“ во Штип веќе втор ден го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат да се направи корекции на платите за март, април и мај и исплата на задоцнетата плата за месец јули.

Валентина Мркиќ работничка во Баргала, која има уште осум години до пензија вели дека и во услови на пандемија работниците работеле, голем број од нив и се со работен стаж од 25, па и над 40 години. Лојални се на фирмата, но бараат да се направи израмнување на платите, бидејќи како што велат работниците со 10.000 денари не може да се платат сметките и да се преживее.

Advertisement

-Ништо не бараме повеќе од ова, синдикатот преговара, а ние ги имаме само овие барања, по што откако ќе се исполнат веднаш ќе се вратиме на машините, вели Мркиќ.

Вработените на социјалните мрежи пишуваат дека иако одат редовно на работа секогаш кога ќе побараат плата надвор од работните места им следуваат откази или пријави од работодавачот за кршење на ред и дисциплина.

Advertisement
Advertisement

Работниците добија и поддршка од Невладината „Гласен Текстилец“. Граѓанската активистка, Кристина Ампева вели дека нејзините ингеренции се до капијата во фабриката, а преговорите треба да ги водат синдикатот, на којшто вработените му плаќаат чланарина веќе 30 години.

-Разговарав со претставниците на ССМ, мојата помош во моментов е да поднесам претставка до трудовиот инспектор. Попладнево очекувам да имаме средба со работниците и првиот човек на ССМ, вели Ампева.

Наум Барзов дел од менаџерскиот тим на „Баргала“ вели дека во текот на денот раководството ќе има состанок, на којшто ќе заземат заеднички став, а медиумите ќе бидат информирани.

Извор: Лидер

Advertisement