ЕкономијаСветСветот на работникот

Работниците во прехрамбената индустрија на правата линија на фронтот

Работниците во прехрамбената - Работник
130views

Нема никаков сомнеж дека здравствените работници се херои во борбата против корона вирусот.

Сепак, признание треба да им се даде и на вработените во прехрамбената индустрија, бидејќи многумина од нив се на првата линија на оваа борба.

Со цел одржување на ланецот на снабдување со храна, неопходно е да се заштити здравјето на работниците во производството, дистрибуцијата и поддршка на храна, а додатен проблем сега претставува пронаоѓањето на пат до потрошувачите, бидејќи многу од вообичаните купувачи, како рестораните, кантините, школските мензи и другите објекти, ги затвориле своите врати на клиентите поради пандемијата.

Токму поради тоа што ланецот на снабдување е нарушен, се случува земјоделските произведувачи во САД да фрлаат храна, додека од друга страна, побарувачката за неа вртоглаво расте – сред масовните отпуштања предизвикани од страна на пандемјата, редовите пред банките за храна, добротворните организации кои помагаат на материјално загрозените, се повеќе стануваат подолги, наведува Си – Ен – Ен

Том Вилсак кој во време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама бил на должноста министер за земјоделство, вели дека поради тоа државата би требало да откупува храна од произвдувачите и да им ја проследува на банките за храна.

Исто така, во САД опаднал и бројот на берачи на фармите – многумина од нив и претходно живееле и работеле во страв од депортација, а сега се плашат и од заразата на корона вирусот, па затоа доаѓаат на работа во помал број.

Сепак, моменталната ситуација не го погодува само САД – и Обединетите нации предупредиле на опасноста која пандемијата ја претставува по глобалниот ланец за снабдување со храна, сред затворање на границите, ограничувањето на движењето и пореметувањето на функционирањето на авио и бродскиот транспорт.

Поради тоа, како што се наведува во извештајот на Обединетите нации, земјите со помал број на алтернативни извори на храна се изложени на висок ризик, а гигантите од прехрабмената индустрија како што се Нестле и Унилевер исто така предупредиле на опасноста од криза во областа на храната, истакнувајќи го меѓународниот карактер на ланецот за снабдување, пренесува Си – Ен – Ен.