ПравдаСветот на работникот

Работниците во трудоинтензивните дејности имаат страв до коски да не го изгубат работното место ако се пожалат на институциите

Работниците во трудоинтензивните дејности имаат страв до коски да не го изгубат работното место ако се пожалат на институциите - Работник
421views

Здружението Гласен Текстилец објави податоци од спроведен Анкетен прашалник за формите на модерно ропство во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Во анкетата се опфатени 870лица, односно 708 жени и 162 мажи претежно од Источниот регион.

70 % од испитаниците одговориле дека прекувремената работа не им се исплаќа согласно законот. Очигледно исплаќањето и евидентирањето на прекувремената работа не е редовна обврска на работодавачите и имаат начин како да го заобиколат овој закон, додека прекувремената работа во оваа индустрија е секојдневние.

Прекршување на Законот е забележано и кај годишниот одмор, 22 лица одговориле дека воопшто не користат годишен одмор, додека 30% одговориле дека годишниот одмор им е помалку од 8 денови и често е поврзан со неработни денови.

Алармантен е и фактот дека само 18% од работниците во текстилната индустрија земаат поголема плата од 16 000 денари, додека кај 10% имаме појави каде што платата е помала од законски загарантираната минимална плата во државата односно помалку од 12 000 денари.

Текстилните, кожарските и чевларските работници преку своите банкарски кредити се врзани за своите работни места, односно 56% имаат подигнато кредит и 35%од испитаниците имаат обврски кон извршители. 133 лица изјавиле дека од страна на работодавачот било побарано од нив да подигнат кредит што јасно покажува на тоа дека банкарскиот долг се користи како најсилна алатка за врзување на работникот за работодавачот.

Притисокот на работното местое честа појава, односно 66% изјавиле дека чувствуваат неоправдан притисок од нивните претпоставени на своето работно место, додека 43% изјавиле дека биле жртва на мобинг.

Недовербата кон институциите и стравот од исходот се едни од најчесто наведените причини зошто работниците не ги пријавуваат овие појави кон надлежниот орган, односно се плашат да не им се открие идентитетот и да бидат набркани од работа, или да се соочат со промена на работно место, неколку од испитаниците изјавиле дека веќе имале слично искуство.

Извор: Digital news