- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Работниците во Фијат пластика ќе прекинат со работа ако во погоните температурата е 30 или повеќе степени

Работниците во Фијат пластика - Работник
1.35Kviews

Работниците на Фијат пластика во Крагуевац рекле дека денеска ќе го запрат производството доколку температурата на воздухот во погоните биде 30 степени и повеќе и побарале работодавачот да им плати целосни дневници, рекле од Самостојниот синдикат на оваа фабрика.

Претседателот на синдикатот Зоран Миљковиќ за агенцијата Бета рекол дека врвот на менаџерите на Фијат е повторно известен за високата температура во производството и дека вработените ќе постапат во согласност со Законот за безбедност и здравје на работниците.

Миљковиќ рекол дека високи се температурите и во погоните на сестринската компанија „Фијат Крајслер автомобили Србија“ (ФЦА), а особено се отежнати условите за работа во „Каросеријата“.

Според неговите сознанија, имало и работници кои „паднале во несвест“.

„Какви се температурите најдобро зборува тоа што машините, односно роботите во ФЦА дури и самите се гасат, па работниците чекаат повторно да се вклучат за да продолжат со работа“, рекол Миљковиќ.

Тој навел дека е „утешително“ тоа што Фијат во Крагуевац ќе работи уште неколку дена, бидејќи работниците од 1 август ќе одат на колективен годишен одмор до 30 август.

Од Самостојниот синдикат на Фијат пластика, како и од Штрајкувачкиот одбор наведуваат дека „работодавачот на 19 јули поделил противправни анекси на договори за промена на работните места на неколку работници со ретроактивно важење“.

Миљковиќ оценил дека тоа бил „одговорот“ на работодавачот на пријавата на синдикатот во инспекцијата за труд дека во фабриката се ангажирани на одредени работни места, работници кои не се обучени за тие работи.

Во Фијат пластика, каде работниците започнале штрајк на крајот од февруари поради намалените плати, а потоа и поради кршењето на законите, велат дека нема напредок во преговорите со работодавачот.

„Иако во решавањето на кризата се вклучува министерката за труд (Дарија Кисиќ Тепачевиќ), па било најавено посредување од страна на Агенцијата за мирно решавање на спорови, нема напредок. Министерката не ни се јави, што, по наше мислење значи дека нема договор со Фијат кој ги крши законите и свесно го манипулира Министерството за труд, односно државните органи“, рекол Миљковиќ, пренесува Бета.

Извор: Politika

Фото: Tanjug