Светот на работникот

Работниците задоволни: Уште еден трговски ланец нема да работи во недела

Работниците задоволни - Работник
27views

Хрватскиот трговски ланец КТЦ кој има 1,400 работници одлучил дека во иднина нема да работи во недела.

„Доколку работниците се членови на ова големо семејство, тогаш така треба и да ги третираме. Им овозможивме неделите да ги поминуваат со своите најблиски, а сакаме и професијата продавач да стане повторно атрактивна“, открива Ивица Катавиќ, претседател на Управниот одбор на КТЦ за Дневник.хр.

Лилјана Лугомер со оваа работа се бави 26 години, а веста дека во неделите ќе биде слободна ја изненадила и неа и нејзините колеги.

„Претежно сите сме мајки и сопруги, имаме свои проблеми дома, на работа и сега се што ќе ни се собере преку неделата ќе го оставиме за недела“, вели таа за Днвеник.

КТЦ е уверен дека ова ќе биде додатна мотивација, токму како и кога престанале да работат за време на верските празници пред три години, бидејќи за време на празниците работниците треба да бидат заедно со своите семејства.

За неработењето во недела има различни ставови од страна на трговци, истакнаа од Хрватска стопанска комора (ХГК).

„Нема единствен став. Има членки кои би се приспособиле доколку се приспособи и работното време на продавниците на мало, така да во овој момент постојат поделени ставови“, вели Ема Цули од Секторот за трговија на ХГК.