„Работниците имаат право да работат за ривалот“ – Една земја е на пат да ја укине клаузулата за конкурентност

Американските власти настојуваат да ги стават вон законите спогодбите кои им овомзожуваат на компаниите да ја ограничат можноста на вработените за заминување на работа кај конкурентите, пренесува британскиот јавен сервис BBC.

Федералната трговска комора (ФТЦ) соопштила дека клаузулата за забрана на конкуренција е „уценувачка“ и дека неоправдано ги ограничува можностите на околу 30 милиони Американци.

Американската стопанска комора, еден од најмоќните бизнис лобија, го нарекла тој предлог „очигледно незаконски“.

Од основање на ангенцијата пред повеќе од 100 години, Конгресот никогаш не ѝ делегирал овластувања на ФТЦ да постави такво правило на конукренција, истакнал Шон Хедер, виш Претседател на организацијата.

Комората е уверена дека ова незаконско дело нема да опстане, додал тој.

Од друга страна, ФТЦ, проценува дека оваа калузула влијае на отприлика еден на пет работници. Иако оваа пракса долго време се поврзувала со деловните раководители и високотехнолошките работници, агенцијата вели дека клаузулата станала пракса и во други деловни области, односно дека влијае и на работниците во магацините и фризерските салони.

Лина Кан, која ја води агенцијата, истакнала дека можноста за промена на работата преставува „суштина на економската слобода и конкурентна, напредна економија.
Највата за носењето на правилата доаѓа откако ФТЦ ги објавил правните постапки против неколку компании кои ги принудиле работниците да потпишат договори за неконкурентност, вклучувајќи ги и работниците од обезбедувањето.
Претставниците процениле дека, ако правилото стапи на сила, работниците колективно би примале речиси 300 милијарди долари повеќе на годишно ниво.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock