ПравдаСветСветот на работникот

Работниците и се одмаздиле поради тоа што не им платила, еве како

Работниците и се одмаздиле - Работник
378views

Браќата кои во Кардиф, Велика Британија се бават со отстранување на отпад и чистење на куќи им се одмаздиле на жена која не им платила за завршената работа. Ден по одвезувањето на отпадот, се вратиле на нејзниот имот и го истуриле камионот полн со ѓубре по целиот двор.  

Џонатан Морган (31) и неговиот брат Калум (27) неколку часа го отстранувале стариот мебел и отпад од станот, а за работата наплатиле 120 фунти (133 евра). Жената која ги ангажирала не им платила, па следниот ден насекаде по нејзниот двор го истуриле ѓубрето и сето тоа го снимиле и го објавиле. „Еве што им се случува на клиентите кои не плаќаат“, рекле на почетокот од видеото и почнале да го истовараат ѓубрето.

Семејството на жената која не платила подоцна ги контактирало браќата Морган и ги замолиле повторно да го соберат ѓубрето. Тоа, како им рекле, би им го платиле однапред, но браќата Морган ја одбиле понудата бидејќи не сакале повеќе да се вратат назад, пишува The Sun. 

„Еден нејзин роднина ни се јави и ни рече: ‘Сега имаме пари. Можете ли да го однесете отпадот ако ви платиме однапред?’ Рековме дека не сме заинтересирани, објасниле браќата. 

Тие ја прифатиле работата на почетокот, иако биле во гужба. Жената им објаснила дека треба брзо да се расчистат работите, но рекла и дека нема премногу пари. Тие тогаш цената од 200 ја спуштиле на 12о фунти. 

„Немаше да заработиме голема количина на пари, само сакавме да и помогнеме“, рекле браќата на кои жената не им го исплатила намалениот износ.