ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Работниците кои побарале пролонгирање на стажот, ќе се пензионираат до 31 декември 2021 година

Работниците кои побарале пролонгирање - Работник
417views

Планот е границата за пензионирање да се намали. Законите се веќе во собраниска процедура, каде што е јасно утврдено дека во пензија ќе се оди со 64 години старост, освен во високото образование и во здравството, рече на денешната прес – конференција на која се презентираше Предлог – Буџетот, Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Заев истакна дека законското право за оваа година е остварено за оваа година со барање до 31 август кое граѓаните го имаа согласно законот. Тој објасни дека 2021 година ќе се пензионираат граѓани до 64 години коишто тогаш ќе наполнат 64 години. 

Според него, тие што поднеле барање за пролонгирање на работниот стаж, поради тоа што сегашните закони тоа им го дозволуваат, за нив дефинитивно границата ќе биде 31 декември 2021 година.

„Очекуваме оној дел од граѓаните кои ќе наполнат 64 години во јавниот и приватниот сектор, од 1 јануари до 31 јануари 2021 година да одат во пензија, а сите други коишто имаат 65 години и сеуште работат кои пролонгирале уште една година, заклучно со 31.12. 2021 година завршуваат нивните права за продолжување на работниот однос“, рече Заев.

Потенцираше дека има намалување, а не зголемување на старосната граница, нагласувајќи дека како Влада веруваат дека ќе отворат можност за рационализација на пари во буџетот, а тие коишто ќе излезат во пензија во 2021 година ќе повлечат занчителни средства.

„Очекуваме дека тоа парарелно ќе се случува со реформите во образованието, здравството, културата и многу други сектори. Очекуваме да се отворат и нови работни места за младите луѓе“, рече Заев.

Тој истакна дека трендот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не е растечки, но е стабилен. Рече дека е важно фондовите да биде во состојба да обезбедува пензии, не само за сегашните, туку и за идните пензионери.

Заев верува дека со таквите политики и јакнење на економијата, пред се економскиот стандард и крирање на нови работни места, растот на платите, од кој што доаѓаат и поголеми придонеси, ќе генерираат стабилност на фондовите, но и зголемување на приходите на државата од работа и труд.

Бобан Илијевски