Uncategorised

Работниците кои се непријавени се дел од сивата економија

Работниците кои се непријавени се дел од сивата економија - Работник
248views

Процесот на приватизација, долгата транзиција и состојбите во посттранзицискиот период наметнаа нови квазистандарди во економиите на земјите што произлегоа од поранешна Југославија, по распадот на системот на договорната економија. Логиката на профитот наметна различен пристап на работодавците во стопанството, реалната економија, услужните дејности итн., каде што мотивот „да се направат што повеќе пари“ беше примарен, дури и на сметка на легалното работење. Даночната евазија, финансиските дубиози, манипулација со царинските давачки, корупцијата, сивата економија, па и енормните маржи беа воведени како практика во секојдневните стопански активности, и на фирмите и на многу индивидуални поединци. Во тој контекст остана и една појава што и денес често е предмет на анализа на експертите за борба против сивата економија, а се однесува на работната сила, односно пријавувањето на вработените.
Непријавената работна сила е значаeн сегмент на сивата економија, па постоењето на т.н. „неформален сектор“ од непријавени, создава нееднакви услови за компаниите што плаќаат даноци и социјални придонеси и се придржуваат до законската регулатива, пишува Нова Македонија.

Целосниот текст можете да го прочитате тука