- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Работниците на принуден, а бизнисот цвета: Фирмите заработувале на сметка на работниците од државната помош

Работниците на принуден - Работник
355views

Италија досега од фондот за оние кои поради пандемијата на Ковид – 19 морале да одат на принуден одмор потрошила 16,5 милијарди евра.

Праксата покажала дека некои од фирмите кои добивале помош за исплата на платите на работниците ја мамеле државата и заработувале од таа помош.

Advertisement

Фондот предвидува работниците кои ќе останат дома да примаат 20 отсто од платите од фирмите во кои се вработени, а останатиот износ да го добиваат од специјлниот дел на пензискиот фонд (каса за интеграција).

Тоа во Италија е многу важна социјална мерка, во спротивно, во време на криза многу работници би биле отпуштени. Меѓутоа, на основа на сведочењето на некои работници, медиумите пренесуваат дека некои од фирмите ги искористиле парите од помошта за да ја измамат државата и дополнително да заработат.

Advertisement
Advertisement

Работниците кои секако се анонимни наведуваат како тоа функционира – фирмите ги испраќаат работниците на принуден одмор, до државата пријавуваат да исплаќа само за 20 отсто од работните часови, а потоа тие работници ги повикуваат да продложат да работат на полно работно време, било да е тоа во фирмата или од дома.

Медиумите го наведуваат случаот на куварот во познат ресторан во Верона кој не само што не бил, како неговата фирма што го пријавила, дома туку и во текот на неделите забележал повеќе од 60 работни часа, но земал помала плата и тоа од пензискиот фонд, што значи дека заработката останала кај сопственикот.

„Добивме илјадници пријави, но ништо не може да се направи доколку лицето кое не бара за да пријави, не ги пријави шефовите и фирмите. А тоа секако не можат да го направат бидејќи не само што ризикуваат да ја изгубат работата која веќе ја имаат, туку ќе имаат проблем да најдат и друга работа“, вели лидерот на еден од синдикатите, Андреа Ловисето.

Според него, инспекторите за труд не можат многу да откријат и да направат, но на „феноменот“ може да му се стави крај доколку се спореди прометот, односно заработката во време кога работниците „биле на приндуден одмор“ и во нормално време.

„Не може газдата или сопственикот да заработи исто или повеќе кога вработените се на принуден одмор, како и кога се работи нормално“, вели синдкалецот Ловисето.

Ова ги потврдува и фактот соопштен во парламентот за тоа дека четвртина од фирмите кои уживале од помошта на Владата, односно чии работници се „на принуден одмор“ платен од „фондот за интеграција“ имале ист промет и заработка, како во време на полна вработеност, но без критични ситуации.

Затоа Владата одлучила од август да бара од сопствениците на фирмите да плаќаат 18 отсто од сумата која работникот треба да ја добие од интеграциониот фонд додека е „на принуден одмор“.

 

Advertisement