- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Работниците од дома упорно ги прават овие пет гревови

Работниците од дома - Работник
266views

Милиони работат од дома веќе цела година, но тоа не значи дека и понатаму не прават грешки, како во самата работа, така и кога се работи за организација, благосостојба и личен успех. 

Ваквиот начин на работа е карактеристичен за ИТ светот, но и за сите оние на кои работата им е поврзна со компјутер и природата на работата е таква да можат да работат од далечина, пишува Телеграф Бизнис. 
 
Меѓутоа, проблемите започнуваат кога ќе „западнете“ во рутина, а особено кога таа рутина нема рутина. Овие се некои од грешките кои и понатаму се повторуваат: 

1. Вработените не успеваат да го организираат своето работно место, да воспостават вистинска рутина. За да ја осигурате продуктивноста и да го избегнете синдромот на согорување, би требало да имате структура на работа и да се држите до распоредот. 

2. Контролирањето на туѓите рутини е уште една грешка во низа или тн. микро менаџмент. Раководителите треба да имаат доверба во своите работници, без оглед на тоа што не им се „при око“. Ваквите пракси создаваат непотребна тензија. 

3. Една година работите од дома, а се уште немате свој простор за работа? Иако многумина не се во можност да издвојат цела соба за оваа намена, би требало да се издвои барем мал простор во станот. По некоја билка или фотографија на масата не е на одмет, а вака креирана атмосфера поттикнува продуктивност. 

4. Кога работите од далечина, лесно е да се „влезе“ во лоши навики или образци, во смисла на начинот на кој размислувате. Пред се, настапуваат бројни сомнежи и прашања: Треба ли да работам повеќе? Дали сум привелегиран/а бидејќи работам од далечина? Дали моите колеги се поуспешни? Што мисли шефот? Штом се ослободите од овие недоумици, ќе бидете поуспешни во работата. 

5. Избегнување на опуштени разговори и паузи е исто така голема грешка. Најпрво, на сите ни е потребна интеракција, а тоа што работите од дома – не значи дека работите помалку и полошо. Слободно опуштете се во разговор со вашите колеги и повремено користете паузи, како кога сте во канцеларии“, советува Телеграф Бизнис.