ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Работниците од Еурокомпозит на повидок не гледаат решение за нивниот статус

Работниците од Еурокомпозит на повидок не гледаат решение за нивниот статус - Работник
339views

Поранешните вработени од „11 Октомври – Еурокомпозит“ – Прилеп,  сеуште имаат поставено шатори во „Жена Парк“.

Еден од вработените во Еурокомпозит рече дека причината поради којашто имаат поставено шатори спроти Владата е тоа што не им се исплатени 20 плати и придонеси за седум години.

„154 луѓе сме технолоки вишок и не ни е исплатена отпремнината што ни ја ветија. Дел од неа ни дадоа, но другиот дел сеуште ни го немаат исплатено“, рече еден од поранешните работници во Еурокомпозит.

Тие истакнаа дека имале средба со Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Не очекувале ништо од состанокот. Анѓушев им кажал само некоја сума што може Владата да ја исплати, но нив не им одговарале тие цени.

Велат дека има преостанува само да останат пре Владата, до понедалник (утре), кога треба да ги прими Премиерот Зоран Заев, но не знаат дали состанокот ќе се случи. Се надеваат дека тој ќе ги разбере и дека ќе им го овозможи она што го ветил пред три месеци во Парламентот, на пратенички прашања, а тоа според нив е дека доколку никој не помогне да решат нивните проблеми, Премиерот за еден месец ќе најде решение. Истакнаа дека од тогаш поминале три месеци.

Премиерот им рекол дека Владата ќе ги подмири долговите од три милиони евра, но како што велат тие од тоа нема уште ништо.

Не се надеваат дека во скоро време ќе има решение за нив, но велат дека ќе бидат упорни и не заминуваат додека не го добијат тоа што им следува.

Тие пред неколку дена имаа средба и со министерот за транспорт и врски кој исто така им рекол дека ќе се бара решение за нивниот статус.